Мицкоски: Владата на Заев да не измислува димни завеси, предупредував за поскапувањето на струјата!

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција упати критики поради најавеното поскапување на струјата.

Како што истакна тој, ова е резултат на недомаќинската политика на СДСМ и Зоран Заев.

„Покачувањето на струјата, оваа Влада не го вети, но го реализираше. Тоа е удар врз стандардот и грабеж на граѓаните. Нема друга држава која сред пандемија покачува електрична енергија. Владата на Заев да на измислува димни завеси. Власта е виновна за вакво покачување. Предупредував пред една година за состојбата со струјата. Со сите овие недомаќински политики, ние плаќаме повисока сметка“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости