Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се позанимава со „Онкологија“, „Беса транс“ и ковид болницата

by fokus

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека монструозно и мафијашко е однесувањето на власта во случајот онкологија, а правда ќе има по смена на власта и за случаите „Беса Транс“  и модуларната болница.

-Што и да се случува знам дека за неколку месеци од денеска владата на ВМРО-ДПМНЕ има намера многу посериозно да се занимава не само со ова што се случува монструозно, мафијашко однесување во онкологија туку да се занимава и со овие предмети и со „Беса Транс“ и со Ласкарци и со модуларната болница и со се она кое што изминативе шест години се забошоти, се заборави или некако остана на маргините. Правда мора да има луѓето денес си одат од Македонија затоа што нема надеж а нема надеж затоа што се чувствуваат обесправени. Мора конечно во Македонија законите да важат за сите, тоа е суштинско потребно за сите нас ако сакаме да не биде. Ако сакаме да импровизираме или да си играме држава тогаш ќе продолжиме по оваа патека по која што денеска оди владата, но јас не би одел по таа патека. Затоа што нас ни требаат историски потези историски чекори ВМРО-ДПМНЕ има капацитет, и јас ве уверувам дека тоа ќе го направиме“ нагласи Мицкоски.

Поврзани новости