Во текот на минатата година Владата го зголеми долгот за над 5 проценти, односно секое четиричлено семејство го задолжи за 77,500 денари, пресметал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На Фејсбук Мицкоски напиша дека во текот на 2021 година приходите во буџетот изнесувале околу 3,55 милијарди евра, а расходите биле околу 4,18 милијарди евра.
-Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди евра или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони евра. Проектираниот бруто домашен производ за 2021 година беше 11,714 милијарди евра, што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260 евра или за 77.500 денари, пресмета Мицкоски.