Во првите два месеца од 2018 година владата успеа да ја задолжи Република Македонија за дополнителни 545 милиони евра, рече денеска на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Или во просек успеа да го задолжи секое семејство во Република Македонија за дополнителни 1.000 евра. Она што повеќе загрижува е фактот дека овие пари со кои што ја задолжи Република Македонија, не се вложени во развојни проекти, како би гарантирале поврат на истото задолжување на среден и на долг рок. Вториот параметар што сакаме да го коментираме е растот на БДП. Во првите три квартала од 2017 година растот на БДП во Република Македонија е на ниво минус 0,4 проценти. Доколку се анализира растот на БДП на светската економија тогаш можеме да дојдеме до следниот заклучок, додека светската економија бележи рекордни резултати и раст, ние мора да се задоволуваме со под просечни резултати, рече Мицкоски, заклучи Мицкоски.