Владата веќе 14 месеци стабилно функционира, ДУИ со одредени трикови прават притисок за да бидат повторно на власт, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на не мнозинските гласови во рамките на Собранието.
-ДУИ после 20 години е во опозиција, тешко го поднесува тоа. Очигледно е дека во рамките на нивната структура имаат големи проблеми. Се обидуваат со одредени трикови да прават притисок за да бидат повторно во владата, мислам дека јасен е победникот на овие локални избори, тоа е владиното мнозинство така што ние продолжуваме по патеката на реформи, испорака за граѓаните, чесна, напорна, посветена работа, рече премиерот.
Владата е стабилна, нема девијантно однесување, тоа што во минатото значеше корупција на дневна основа, тоа веќе не е пракса вели Мицкоски.
-Еве веќе 14 месеци оваа Влада стабилно функционира, јавноста може да види тоа што во минатото значеше корупција на дневна основа тоа веќе не е пракса, односно воопшто нема таков вид на девијантно однесување, тоа е големата разлика, изјави Мицкоски.
ДУИ да извлечат поука и да се реформираат и можеби на некои следни избори ќе бидат конкурентни, додаде премиерот
-Јас ги разбирам, од опозицијата не се навикнати на еден ваков начин на менаџирање на процесите во државата, но ќе мора да се навикнат, да извлечат поука, да се реформираат и можеби на некои следни избори ќе бидат конкурентни, додаде Мицкоски.