Во деновите кога ќе се обидат невистината да ви ја прикажат како вистина, а капитулацијата како победа, во деновите кога масовно ќе бидат злоупотребени вашите пари кои што се слеваат во државниот буџет, одговорите на реалните теми ќе останат во втор план. Но, затоа ВМРО-ДПМНЕ како државотворна парија е тука да ја потсети владата за сите неуспешни ветувања кои ги даваа во минатото, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски.
„Ветуваа живот, добивме сиромаштија, сега ветуваат иднина, а добиваме хаос и афери, криминали и упропастена економија. Нема ден да нема нова афера, а покрај капитулантскиот договор се нижат неуспесите на владата во сите други полиња. Земјоделието е во надолна линија. Земјоделците се на работа на егзистенцијата. Јас за разлика од владата ќе зборувам преку бројки кои се чисти факти. Според податоците на Државниот завод за статистика во второто тромесечје од 2018 година откупот и продажбата на земјоделските производи се намалени за 4.4% во однос на истиот период од претходната година. Ова значи дека земјоделците бележат загуби и не може да си го продадат своето сопствено производство – истакна Мицкоски.