Мицкоски ветува минимум четири милијарди евра домашни и странски инвестиции

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Петровец од каде што истакна дека Македонија во моментов е окупирана од целосно неспособна и криминална власт предводена од аболицирани политичари до гуша вплеткани во криминални афери и политички криминал.

На овие избори, рече тој, граѓаните имаат еден избор бидејќи на една страна се наоѓаат неправда, криминал и понижувања предводени од политичари од транзицијата на СДСМ и Зоран Заев, а од друга страна се наоѓа правна држава со чесни политичари од ВМРО-ДПМНЕ чија главна водилка во работата ќе бидат честа и достоинството.

– Ветуваа буквално се, се сеќавате дека велеа ќе донесат живот во Македонија и едно општество за сите, ама излезе едно општество за едно семејство, некако само тоа семејство да живее се поубаво пораскошно и подобро, а сите други живеат во беда разочарани да ја напуштаат државата, изјави Мицкоски.

Мицкоски истакна дека тоа ВМРО-ДПМНЕ  ќе донесе вистински реформи во судството и обвинителството бидејќи правната држава е најважна за да може вистински да започне обновата на државата, обнова која ќе има над 1000 проекти со кои ќе се подобри животот на секој еден граѓанин во Македонија.

– Се обврзуваме на минимум 25 отсто поголема просечна плата во рок од еден мандат, минимум 20 отсто поголеми пензии за пензионерите и враќање на стариот закон кога два пати годишно растеа пензиите, најнизок данок во Европа од 8 отсто, невработеност под 10 отсто, за младите оние кои ќе вработат човек до 29 години 0 проценти данок, за угостителите и хотелиерите кои се погодени од кризата ќе се намали ДДВ од 18 на 10 проценти до крајот на 2021 година, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се обврза и за студентите да обезбеди ослободување од партиципација во учебната 2020/2021, а нашите иселеници кои сакаат да инвестираат тие инвестиции ги донесат и бидат безбедни и сигурни.

– Минимум четири милијарди евра домашни, но и странски инвестиции, реформи во здравството каде што тоа ќе биде ориентирано кон пациентот, ќе најдете минимум 640 милиони евра за земјоделците субвенции, загарантиран откуп и пласман на производот, за да не ги фрлаат производите по реките и патиштата како што тоа го правеа досега, изјави Мицкоски.

Поврзани новости