Мицкоски ветува дека ќе има одговорност за вакцините

by Fokus

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи упати критики кон владејачката гарнитура, за како што рече, доцнењето на вакцините во нашата земја.

Притоа тој вети дека, порано или подоцна, ќе има одговорност за сите надлежни за ваквата ситуација во која се најде нашата земја.

„Лагата нема граница, а кога доаѓа од политичари лакеи на Зоран Заев можеби сме песимисти, можат тие и полошо. Најавуваа масовна вакцинација во декември 2020 и додека трчаа по провизии започнавме во мај 2021, убедливо последни во Европа. Според бројот на починатите сме помеѓу првите шест држави во светот. Денес прочитав на медиумите најава дека пристигнале околу 10500 дози Фајзер вакцини. Тоа што требаше да стигне во јануари или февруари стигна во мај, тоа што треба да е нормално за нив е спектакл. Е, па да ви кажам нешто, 5329 македонски граѓани немаа можност да ги пречекаат во мај вакцините поради вашата неспособност и желба за провизии, починаа од корона… порано или подоцна ќе има одговорност, јас ви ветувам“, напиша Мицкоски.

Поврзани новости