Мицкоски вети инвестиции од 4 милијарди евра и почист воздух за 50 отсто

by Фокус

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во четиригодишниот мандат ќе реализира капитални инвестиции за развој во вредност од над 2 милијарди евра и во својот мандат ќе испорача проекти во вредност не помала од 4 милијарди евра преку странски и домашни инвестиции, вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот партиски собир „Обновата доаѓа“ во Скопјe.

-Тоа јас ви го ветувам и се обврзувам на реализирани осмислени и испорачани проекти за економија со брз раст – рече Мицкоски.

Тој додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи една милијарда евра за заштита на животната средина.

-Не можам да ви ветам дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух, тоа е невозможно, но можам да ви ветам најмалку 50 отсто почист амбиентален воздух за македонските граѓани – порача Мицкоски.

 

Поврзани новости