Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува година на промени и повторно повика на предвремени парламентарни избори.
Првиот човек на опозицијата не верува дека Владата ќе собере мнозинство за уставни измени за кои, рече, ставот на неговата партија е непроменет.
– Овој Парламент нема мандат да менува Устав бидејќи ниту опозицијата учествувала во креирање на тој договор, ниту опозицијата се согласила со тој договор, ниту, пак, излегла пред граѓаните да ветува дека ќе има уставни измени. Така што треба час поскоро да се случат предвремени парламентарни избори, да излеземе сите со решение на проблемот што го донесе владата на ДУИ поддржана од СДСМ, па граѓаните се тие што ќе одлучат кому да ја дадат довербата. Ќе имаат неколку опции така што граѓаните се тие коишто ќе дадат насока каде ќе треба да се движи Македонија, изјави Мицкоски во Вевчани.