318
„Како лидер на опозицијата, Илинден го одбележував во струшко Ташмаруништа. А сега кога ја имам честа и обврската да ја предводам Владата и покрај набиената агенда, најдов време и го посетив ова прекрасно место со срдечни луѓе кои го слават споменот за илинденската битка. Илинден е непокор и вечна борба за слобода, правдини, сега преточена во стремеж и битка за иднина каква заслужува Македонија!“ – објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Инаку, денеска тој ја предводеше владината делегација при одбележувањето на 121 година од Илинденското востание во славното Крушево, каде имаше свое обраќање.