357
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Република“, порача дека е многу важно да се затворат бугарските клубови во Македонија за да се спроведе принципот на реципроцитет.
„Ако Македонците во Бугарија не можат да имаат свој македонски културен клуб, каде што културно ќе се организираат, ако Македонците во Бугарија не можат да ги уживаат своите права кои што се резултат на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, јас не гледам уште една причина зошто овие 1.500 граѓани на Македонија, кои што се декларираат дека бугарскиот јазик им е мајчин јазик да имаат таков клуб и да се организираат во Македонија. Дали е тоа клуб Ванчо Михајлов или е Цар Борис Трети за мене во политичка смисла е сеедно“, вели Мицкоски.