516
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за уставните измени за промена на уставното име.
-ВМРО-ДПМНЕ има јасен став дека нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставно име. Ниту имало, ниту ќе има пазарење надвор од нашите принципи. ВМРО-ДПМНЕ останува заштитник на македонските интереси. Има притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да остане на браникот на Македонија од граѓаните, рече Мицкоски.