„Уставните измени не ги споменува никој од граѓаните и тие постојат само во главите на неколку политичари кои ниту самите не веруваат дека тоа е добро“.
Ова денеска меѓудругото го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во скопско Стајковци.
Според него, уставните измени не се приоритет за граѓаните и тие воопшти не ги споменуваат.
„Ако ги прашувате граѓаните, кои се вашите приоритети, тие ќе ви набројат најмалку 15 приоритети и ако не ги потсетите на уставните измени, никој нема да ги спомене“ рече Мицкоски.
Според него, уставните измени „постојат само во главите на неколку политичари, кои и сами не веруваат дека тоа е добро“.
„Тие мислат дека ако на сила тераат процес на уставни измени, тоа ќе ги спаси нивните политички кариери. Секој политичар и пратеник треба да знае дека уставни измени не се за вклучување на дел од бугарскиот народ во преамбулата, туку за спас на политичката кариера на Артан Груби, Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и останатите. Ова нема врска со Европа, освен со криминал и пари што го крадат народот“ – рече тој.