Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упатил официјална порака до опозициските партии на Албанците за коалицирање, но одговор досега не добил.
„Упатив официјална порака до албанската опозиција, официјален одговор на мојата официјална порака, до овој момент немаме добиено“,рече тој.
За предлогот на претседателскиот кандидат од ДУИ, Бујар Османи, за постигнување заеднички консензус за уставните измени, Мицкоски рече дека за таков консензус ја има испуштено можноста, уште како министер за надворешни работи.
„Бујар Османи за таков консензус ја испушти можноста како министер за надворешни работи, кога ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично, имавме прес-конференција и се понудивме да бидеме дел од процесот кој тогаш го водеа шверцерски, тајно и позади очите на јавноста во Македонија“, порача Мицкоски.