Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е „уловен“ пред канцелариите на ЕУ во Скопје. Фотографијата брзо се рашири на социјалните мрежи. Средбата во информативниот центар на Европската унија не беше официјално најавена и проследена. Според неофицијални информации се разговарало за уставните измени.
Европскиот амбасадор во земјава Дејвид Гир, не открива за што поточно се разговарало, само рече дека има редовни контакти со сите партии во земјава.
-Прашањето за уставните измени е независна одлука која треба да ја донесе државата. Зборуваме за сите релевантни прашања и сите засегнати странки, но уште еднаш сакам да не навлегувам во поединечни детали за разговорите кои ги имаме со лидерите или со други членови на политичките партии, доволно е да кажам дека сакаме да ја видиме оваа држава како се движи брзо кон ЕУ – рече Гир.
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, најави дека во претстојниот период Владата ќе формира работна група каде ќе се дебатира за уставните измени, а во која ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува.