Овие избори се референдумско изјаснување на македонските граѓа ни Македонија повторно да биде твоја, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Аеродром при што порача дека прва на 24 април, потоа и на 8 мај следи огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата броејќи 61 пратеник и промена на власта.
Мицкоски истакна дека ова ќе се случи не само затоа што на избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат нејзините поддржувачи, туку членовите и симпатизерите на партите на власт, затоа што тие се определени за национално единство кое што тој го предлага
Мицкоски порача дека е убеден дека она што ќе се случи после 8 мај ќе биде ослободување на Македонија и обединување околу пет важни принципи.
„Првото, почитување на владеење на правото, правна држава и одговорност за тие кои што се огрешиле спрема законите. Вториот принцип е економски развој, подигнување на животниот стандард и подобар живот за сите граѓани. Третиот принцип е водење на достоинствена надворешна политика, која што ќе се темели на меѓусебно почитување и одбрана на националните и државни интереси. Четврто, почитување на човековите права и слободи. Македонија била и ќе остане слободна, независна и суверена држава. Пети, можеби и најважен Македонија да ја вратиме на народот. Македонија му припаѓа на народот, бидејќи сега е украдена од неколкумина, би рекол дел од раководството на ДУИ и уште малкумина измеќари од ДУИ кои што се сеуште раководство во СДСМ“, рече Мицкоски.