Мицкоски тврди дека ВМРО има двојна предност пред СДСМ на анкетите

by Fokus

На анкетите имаме предност од 2 спрема 1 во однос на СДСМ, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.

Тој рече дека мерат и рејтинг на коалиции, при што посочи дека потенцијалот на коалицијата на ВМРО е 23-24 отсто, а на сегашната коалиција на СДСМ е 12-13 проценти.

Заедничката листа на ДУИ и АА, според него, е околу 8 отсто, а на албанската опозиција е околу 5 отсто.

Ако СДСМ, ДУИ, АА и ДПА одат заедно, според Мицкоски, заедно имаат 18-19 отсто.

Што се однесува до Левица и ЗНАМ, нивниот рејтинг се движи по околу 4-5 отсто.

Во смисла на мандати, вели тој, ВМРО би имал 51 до 54 пратеници, СДСМ ако оди сама би освоила 26 до 29, а со ДУИ и АА 41 до 43.

Според овие анкети што ги прави опозициската партија, излезноста треба да биде околу 900 илјади или под 50 отсто.

В.С.

Поврзани новости