514
Нивната цел е да го приватизираат македонизмот и да го поврзат со бугарскиот идентитет тоа е суштината и да кажат дека македонизмот е дел од бугарскиот идентитет, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на Телевизија Сонце.
Тој посочи дека тие сакаат тоа да се признае и потпише, или во најмала рака да не сме Македонци туку некои нови Северномакедонци.
-Овие луѓе кои сега живеат на овие 25 илјади квадратни километри се некои нови Северномакедонци кои се настанати како резултат на некаков си договор таму ете политички тие луѓе постојат, ете тоа е суштината, рече Мицкоски.