Мицкоски: Тројца пратеници пријавија дека им биле понудени привилегии за да му дадат поддршка на Заев

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвини дека на тројца пратеници вчера им биле понудени привилегии, со цел да ја напуштат коалицијата предводена од неговата партија и да се приклучат на СДСМ.

„Со огромна доза на гадење луѓето ги пречекуваат овие гласноговорници, кои во името на СДСМ и Зоран Заев нудат привилегии. Еве ќе ви кажам, само во изминатото деноноќие, тројца наши пратеници пријавија дека такви добронамерници кои се во некаква релација со тие луѓе, кумска, пријателска, во името на СДСМ и Зоран Заев нудат привилегии, вакви или онакви, само да се даде поддршка на Владата на Зоран Заев и СДСМ која очигледно во моментот ја немаат“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека во следните 20 дена очекува да продолжат уцените кон пратениците.

„Тоа е и целта на Стево Пендаровски, да му даде дополнителни 20 дена да продолжат овие нечовечки, нехумани притисоци врз луѓе, обвини Мицкоски.

Поврзани новости