578
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше прашан што добро, а што лошо донесоа таканаречните „бомби“ од проектот „Вистината за Македонија“ пред шест години и како гледа од денешна перспектива на тоа. Тој одговори дека тие што требало да бидат цел на тие прислушкувани разговори се верни коалициски партнери на власта.
– Еве сега може да отидеме до Триумфалната капија и да видиме која бројка ја пишува таму и тоа ќе ви го даде одговорот за што беа наменети тие бомби. Од бомбите останаа само бомби, но за жал тие коишто требаше да бидат практично цел на тие бомби денеска се нивни верни коалициски партнери, рече Мицкоски.