337
Христијан Мицкоски денеска јавно призна дека тој и ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно блокирале помош од 100 милиони евра за справување со енергетската криза. Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека им ги врати парите на граѓаните, реагираат од СДСМ за блокирањето на заемот.
-Згора на се, Мицкоски уште и се фали дека блокадата му била успешна.
За разлика од таквиот деструктивен однос, претседателот Димитар Ковачевски обезбеди 80 милиони евра од ЕУ за директна поддршка за справување со енергетската криза“, додаваат оттаму.
Очигледна е разликата помеѓу одговорниот државнички пристап на Ковачевски и деструкциите и неодговорното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои по секоја цена дејствуваат на штета на државата и граѓаните, стои во соопштението.