Мицкоски стои зад блокадата, цената ја плаќаат граѓаните, реагира СДСМ

by fokus

Хаосот што овој период му се случува на Град Скопје е само поради неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, реагира СДСМ откако приватните превозници го блокираа Скопје.

„ВМРО-ДПМНЕ ја има градската власт, кадри на ВМРО-ДПМНЕ се најзастапени во сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија во Градот, вкучително и во Јавното сообраќајно претпријатие.

Тие ја имаат одговорноста за се она што му се случува денеска на Скопје.

Наместо да работат за граѓаните и градот кадрите на ВМРО-ДПМНЕ работат по инструкциите на Мицкоски кого не го интересираат граѓаните, туку интересите на мала бизнис група од ВМРО-ДПМНЕ.

Шпицниот градоначалник Мицкоски, мнозинството во Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ членовите на управните и надзорните одбори од ВМРО-ДПМНЕ, се единствените виновници што денеска Скопје е заглавен град, што граѓаните се без јавен превоз, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости