Мицкоски: Спасовски ако не го поддржува законот за амнестија нека си даде оставка или нека молчи

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека не го поддржува законот за амнестија, рече дека тој има две опции.

„Спасовски има две опции. Едната опција е ако не се согласува, да ја напушти Владата“, рече Мицкоски.

Според него, втората опција што ја има Спасовски е да молчи и да прифати дека тие што се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци.

„Втората опција е да престане да прави театар и да молчи и да прифати дека тие што се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе што тргувале со недозволени супстанции или познати како наркодилери, переле пари, вршеле изнуда, правеле насилство и така натаму. И тие треба да добијат намалени затворски казни или некои од нив да добијат и целосна амнестија за потоа да се најдат повторно на улиците и повторно да прават проблеми и го тероризираат чесниот граѓанин во Македонија“, додаде Мицкоски.

Поврзани новости