132
Али Ахмети точно знае што зборувам и точно знае неговиот соработник кој уживаше привилегии во претседателскиот апартман во луксузен хотел во Истанбул. Тој ја координира таа група што се движи на територија на општина Бутел и Чаир. Ги знаеме лицата и знаеме што прават, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за наводно вооружени лица што се собирале во Чаир.
Вели дека тоа што имал да го каже во јавноста, го кажал.
„Дали МВР ќе постапува или не, ќе се обратите таму, рече Мицкоски на прашањето дали разговарал со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за таа информација.