Финансискиот пакет од владата на Виктор Орбан, е специјална економска соработка која ќе ја има на ниво на владите на Македонија и на Унгарија и тоа е вид на соработка која не е ограничена во висината на сумата, откри премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања при посетата на Охрид.
– Жалам што прочитав во одредени медиуми од одредени политичари дека Мицкоски „вети милијарда, донесе 500 милиони евра“. Сега јас велам вака, ние ветивме милијарда но донесовме повеќе, но ќе ја користиме тогаш кога ни е потребна.
Сега во моментот ни се потребни 500 милиони евра. Од тие 250 милиони се потребни за оштините да се финансииртаат нивните проекти што е важно за граѓаните оти тие сакаат да почувствуваат вистински проекти.
Другите 250 сакаме да ги дадеме за бизнисот и за фирмите, бидејќи тие имаат услови на пазарот кои се најмалку двапати полоши. Денеска во бизнисот добива кредит тој што не му треба, еве ние влеиме како Влада ова е за вас – рече Мицкоски.
Обврската на бизнисот ќе биде да има барем 250 милиони евра кои ќе ги инвестира како сопствени средства со што почетната инвестиција во компаните би била 500 милиони евра.
Владата ќе бара од бизнисот и да има најмалку 5.000 нововрабени годишно и раст на производството од 5 проценти над стапката на инфлација по истите услови.
– Вие верувајте половина во вашиот бизнис, ние половина ќе ви веруваме. Нас ни е важно да има зголемен бруто домашен производ.
Што се однесува до скапите задолжувања во минатото, да почекаме. Бившата власт земаше обврзница под крајно лоши услови, но таа доспева на 25 јануари, зошто да плаќаме сега камати и зошто да ги трошиме тие пари без потреба. Поентата е од ова ништо што ни го оставија да направиме нешто и да обезбедиме повеќе – додаде премиерот.
Орце Костов