109
Во рамки на самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон имавме пријателски разговор со премиерот на Хрватска, Андреј Пленкович, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатович и членот на претседателството на БиХ, Др. Денис Бечирович.
Соработката на земјите од регионот е неопходна за просперитетот на државите и благосостојбата на нашите граѓани. Нашите народи имаат потреба од економска, енергетска и инфраструктурна поврзаност а клучен предуслов за тоа е градењето на силна регионална соработка.
Делиме слични вредности и предизвици како регион и тие нé обврзуваат на заедничка кооперативност и комуникација меѓу земјите од Балканот.”, напиша премиерот, Христијан Мицкоски.