772
Соработката за Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги победи неспособноста и криминалот на СДСМ и ДУИ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Велес.
– Очекувам конечно оваа коалиција да победи ја победи неспособноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, безнадежноста, апатијата, немањето никаква стратегија, немањето визија за развојот на Македонија, односно да ја победи коалицијата СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва го промовираше својот кандидат за градоначалник во Општина Велес, Марко Колев. На промоцијата се обрати и претседателот ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот Колев.