Мицкоски со виц за Заев ја почна изборната кампања

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја отвори кампањата на својата партија со обраќање на митингот во Охрид. Говорот го почна со виц, односно како што рече, една сатира, која ја слушнал.

-Сатирата вели вака: Отишол Заев во едно населно место и вели кажете ми два проблеми кои сакате да ви ги решам. Тие рекле, овој градоначалников не лажеше дека ќе направи водовод. Заев почнал да врти телефони и така половина час, тие го гледаат замислено, и после спушта слушалка и вели првиот проблем е решен. Кој е вториот проблем? Граѓаните велат вториот проблем е што нашава општина нема мрежа за мобилни телефони, па ако може тоа да го решите. Ете  така почитувани мои, ќе изгледаат овие избори. Овој пат, нема да може да излажат зашто сите знаат дека не може да им се верува. Тие нека си мислат дека се најдобри. Некој мора да ги разбуди, а тоа ќе бидат овие избори. Народот ќе им каже дек не дозволува за биде потценет. Ја знаеме сите реалноста, рече Мицкоски.

Поврзани новости