Општините во периодот кој што следи би рекол и годините кои што следат ќе имаат во Македонија големо значење, затоа што голем дел од капиталните проекти кои што ги имаат како потреба граѓаните, ќе бидат реализирани преку општините, рече мандатарот Христијан Мицкоски.
„На граѓаните им е преку глава од бајки, басни и ветувања за големи работи, а ништо не се случува. Нашите граѓани имаат основни егзистенцијални проблеми, во центрите на поголемите урбани средини се гази во кал, ниту 20 проценти од територијата е покриена со организирани канализациски системи, системи за одведување на отпадни води, да не зборувам за нивни прочистување.
Имаме средини каде што немаме ниту питка вода за пиење, имаме руинирани детски игралишта, гледате каква е состојбата со демографијата во Македонија, за неколку години за 30 проценти е намалена бројката на дечиња кои што се раѓаат, имаме руинирани училишта, долги листи на чекање во градинките“ рече Мицкоски.
Тој нагласи дека сето тоа треба да претставува приоритет и ќе претставува приоритет на нивната влада.
„Она кое што јас можам да го кажам, а планирам да го повторам на овој преубав настан, е да бидат подготвени сите градоначалници без разлика од која политичка партија, без разлика дали се од ВМРО-ДПМНЕ, дали се од СДСМ, ДУИ, Алијанса, БЕСА, или од друга политичка партија, или пак се независни, да работата на проекти до одобрение за градба, на есен во првата половина на септември, а можеби ако биде секако што треба со ребалансот во втората половина на јули месец, уште во август месец ќе биде објавен повикот за оваа година минимум 6 милијарди денари, минимум 100 милиони евра иако јас се обидувам да обезбедам и денар повеќе.
Но, веќе следната година повикот ќе биде објавен на самиот почеток, таму некаде во втората половина на јануари или прва половина на февруари и ќе бидат 250 милиони евра од централниот буџет реалоцирани за општините.
Нашата цел е за првите 4 години од нашиот мандат да допреме до 400 илјади домаќинства, да ги решиме тие основни егзистенцијални суштински проблеми на 400 илјади домаќинства.Да ја донесеме работата на владата преку општините до домот на секој граѓанин. Се надевам дека ќе успееме. Ќе бидам попрецизен сигурен сум дека ќе успееме. Знам дека станува збор за амбициозна група на градоначалници кои што ќе дадат се од себе и оваа година и почетокот на следната година без разлика на политичките партии да направат проекти бидејќи тие се избрани од народот, и да бидат слуги на народот и пред народот да одговорат.
Ја разбирам тешката состојба во општините, разбирам дека колку помалку граѓани се селат, толку помалку даноци во општините, толку помалку расположливи средства и затоа е тука владата со една добра домаќинска работа, реорганизација во самата влада да обезбеди ресурси да се одговори на реалните проблеми на граѓаните“ посочи Мицкоски.