Мицкоски со порака до странците: Народот ќе мора да дојде по своето

by fokus

Доколку се одбие средба за излез од националната катастрофа во која живее Македонија, ќе следат сериозни чекори на ВМРО-ДПМНЕ, пишува лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Твитер.

-Народот ќе мора да дојде по своето, но и порака до меѓународните пријатели, алармот одамна веќе свети на црвено, додава тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му предложи на премиерот Димитар Ковачевски заедничка и јавна средба на која ќе разговараат и договорат датум за одржување предвремени парламентарни избори, кои, како што рече, би биле природно решение за „катастрофалните состојби во кои се наоѓа земјата“.

Тој на Ковачевски му остави рок до 10 мај да се изјасни, а доколку премиерот го одбие предлогот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека „ќе следат сериозни и досега непреземени чекори“.

Поврзани новости