„Навистина чувството е би рекол прекрасно колку во суштина ова покажува дека нашиот народ е скромен, нашиот народ е благодарен, нашиот народ е работлив, вреден и колку малку треба за човек да биде среќен. Јас сум благодарен што можам да го видам тоа денес на вашите лица и тоа за нас преставува инспирација да продолжиме да работиме уште понапорно за во периодот кој што следи да овозможиме уште поголеми пензии, да овозможиме уште поголема перспектива за вашите внуци, синови, ќерки да ги гледате вашите внучиња тука во Македонија затоа што нема поголема мака од тоа кога мајка, баба, се дели од своето чедо кое што поради бесперспективност, разочарување ја напушта својата држава, својата татковина, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба со пензионерите во скопската општина Гази Баба.
Тој истакна дека Владата продолжува да работи посветено за сите граѓани
„Продолжуваме и понатаму, тоа беше едно обично само предизборно ветување; многумина не прашуваа од каде ќе најдете пари, како ќе најдете пари – успеавме да најдеме пари, а пари најдовме на начин на којшто ние не сакавме да ги крадеме граѓаните, не сакавме да ве крадеме вас туку сакавме да работиме чесно, достоинствено и на тој начин да имаме поголем прилив во буџетот и со тој поголем прилив во буџетот да овозможиме вие да уживате во тоа што сте го заслужиле работејќи макотрпно целиот ваш работен век. И зашто требаше да поминат 100 дена? Затоа што овие 100 дена кога го правевме планот беа претпоставени дека ќе бидат доволни да можеме да акумулираме доволно заштеда да овозможиме да имаме најпрвин половина од онаа сума којашто ја ветивме, а потоа за уште 6 месеци со новиот буџет и втората половина што во рок од 9 месеци не од година го испорачаме тоа ветување коешто сме го дале“, рече Мицкоски.
Потсети и што наследиле од претходната власт потенцирајќи дека тоа што го ветиле сакале да го испорачаат.
„Состојбата беше многу сложена, многу тешка, првиот ден кога дојдовме на работа, 24ти Јуни, сметката на владата беше – 200 милиони евра. Ниту една не затекнала такво цунами како што оваа Влада затекнала. Работевме многу, макотрпно, чесно и можам да кажам дека полека но сигурно приходите во буџетот се зголемуваат затоа што веќе народот никој не го краде, никој нема право да го краде, туку треба да работи за народот, да биде слуга на народот. УЈП ги зголемуваше своите приходи, Царината ги зголемуваше своите приходи, и на тој начин има повеќе за вас, повеќе за граѓаните. Тоа е она за коешто се заветивме како Влада и тоа е она што ќе го работиме. Но има и други работи коишто ги направивме, коишто вие можеби во меѓувреме не ги гледавте и не сакавме многу да зборуваме. Повеќе да работиме, помалку да зборуваме“, истакна Мицкоски.