Мицкоски: Со набавката на канцероген мазут бил загрозен животот на граѓаните

by Fokus

Овие луѓе што правеле стотици милиони евра бизнис практично се богателе на грбот на граѓаните со тоа што користеле такви недозволиви средства би рекол согорувале таков тип недозволиви материи, со што го загрозувале животот на граѓаните. Секој што се огрешил пред законот ќе одговара, без разлика за кого станува збор, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски како коментар за случајот со набавка на канцероген мазут.

Тој рече дека не сака да коментира судски одлуки.

„Па, видете, јас не би ги коментирал одлуките на судот. Тоа сум го кажал многупати во минатото. Довербата во судството е таква каква што е. Јас тука немам што да додадам. Секој оној што се огрешил пред законот ќе одговара, јас тоа сум го кажал многупати во минатото, без разлика за кого станува збор“, додаде Мицкоски.

За тоа дали постои некаков инструмент и механизам за да се види каков мазут бил увезуван во периодот од 2021 до 2023 година, со оглед на тоа што првичните информации се дека станува збор за набавка на мазут со сомнително потекло и квалитет, а кривичните пријави се за злоупотреба на службена положба и за перење пари, Мицкоски рече дека треба да се почека истрагата да заврши.

Поврзани новости