2
Премиерот Христијан Мицкоски кој учествува на состанокот на Европската политичка заедница, во Будимпешта, на својот Фејсбук профил напиша:
„На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со францускиот претседател, Емануел Макрон.
Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколлива.
Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси“, стои во ФБ статусот.