Премиеро Мицкоски на Самитот на Европската политичка заедница во Лондон разговарал со лидерите од регионот и соседството.
Имал билатерални средби со српскиот претседател, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, потоа Јаков Милатовиќ, Претседателот на Црна Гора, потоа, претседателот на Бугарија, Радев.
„На сите овие средби имав можност да разговарам за тоа што претставува предизвици за регионот и она кое што претставува приоритети на идната македонска Влада. Главен приоритет на Македонија и на новата македонската Влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед.
Понатаму би ги потенцирал средбите коишто ги имав со претседателот Зеленски, но и претседателот на Европскиот Совет, Мишел, каде што јасно ги презентирав и ги претставив позициите на новата македонска влада.
Би го издвоил и моето обраќање на тркалезната маса на еден од панелите каде што можев да зборувам за предизвиците во енергетиката, регионалното поврзување, но и она што претставува интерес на нашата земја. А тоа претставува практично и регионално поврзување, тоа претставува и предизвик за навремено и одржливо снабдување на сите потрошувачи на енергенси, меѓу кои би го издвоил гасот и електричната енергија. Главен интерес на Македонија како држава е да биде земја низ која ќе транзитираат главните енергенси со којашто ќе се снабдува Централна Европа.
Се враќаме назад со добри впечатоци и со она кое што претставува достоинствено претставување на македонските интереси овде во Оксфорд, Велика Британија“ рече Мицкоски.