508
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел со Зоран Заев рече дека снимките на кои тој е во теретана се монтирани, односно се од октомври минатата година.
-Еве наделжниот на скопкото обвинителство, нека излезе нека каже дали е вистина тоа за случајот Теретана или они кои ви ги доставеле снимките ги монтирале. Јас не сум бил во теретана за време на корона кризата. Снимките се монтирани. Снимката е од октомври месец. За кафаната, признав дека погрешив и се извинив за тоа, не бев информиран, рече Мицкоски.