Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека тој уште сега може да предвиди како ќе се одвива случајот со Драги Рашковски и смета дека сето ова е договорена работа.
-Јас знаев уште во текот на утрото дека ќе му биде одреден куќен притвор. Напишав дека соработниците на Заев на распит се носат со рацето во џеб и или се бранат од слобода или од куќен притвор. Ова е само уште еден од низата факти, дека имаме исклучително корумпирана и криминална влада. Рашковски требаше многу одамна да биде изведен пред судството за тоа што го прави. Но, ако ги гледаме оние патни исправи кои ги користат балкански и европски нарко босови, тогаш не треба да ни биде чудно зошто сме на 111 место по криминал и корупција. Убеден сум дека ова обвинителство и судство е се, само не е независно.
Далеку од тоа дека овој случај треба да ни ја врати довербата. Еве јас утрото ви ја нацртав разврската. Апсолутно се ова е договорено. Можам уште сега да ви кажам што ќе се случи и понатака. Може и ќе се прошири истрагата на уште две лица и куќниот притвор ќе биде заменет со ефективен, вели Мицкоски.