Мицкоски: Слушам Мијалков ќе влезел во партијата да се пресметува, се надевам тоа ќе остане шпекулација

by Фокус

Чувствувам одговорност за изборите, но по довербата што ја добив од органите на ВМРО-ДПМНЕ би било кукавички сега да побегнам и да оставам една друга група да направи преврат и да ја користи партијата за трговија и пазарења, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Алфа.

-Чувствувам одговорност што не успеавме да ги мобилизираме оние луѓе кои останаа дома сметајќи дека сите се исти – изјави Мицкоски, додавајќи дека во предизборието поминал 15 илјади километри и имал 100 настани.

Тој додаде дека слуша шпекулации дека Сашо Мијалков ќе влезел во партијата за да се пресметува, но, како што рече лидерот на ДПМНЕ, се надева тоа ќе остане во доменот на шпекулациите.

-Судијка заборавила 90 дена да закаже рочиште и тој случај се врати на почеток. Јас не верувам во случајности. Сигурен сум дека овие луѓе се во скутот на Заеви и одработуваат да бидат на слобода. Порано еден го нарекуваа „министер за смрт“ а сега им е главен апологет таму – рече Мицкоски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ поминува низ процес на внатрешна катарза во чии рамки ќе дојдат многу луѓе во партиските органи, со цел подготвени да ги дочекаат следните избори без оглед дали, како што рече, ќе бидат власт или опозиција.

Поврзани новости