Мицкоски: Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ јасно ќе ја персонализира одговорноста за скандалите во здравството

by Fokus

Грозоморен настан. Знаете дека здравството за жал под оваа влада го тресат многу скандали каков што беше и оној скандал со Клиниката за онкологија и омилената веледрогерија на власта, печалбата на смртта на граѓаните и тоа се процеси коишто за жал ни се случуваат овие години, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Битола коментирајќи го последниот смртен случај на новороденче во прилепската болница.

Мицкоски потенцираше дека за катастрофалната состојба во здравството мора да има одговорност со име и презиме, но бидејќи оваа влада се обидува да ги генерализира работите, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ јасно ќе ја детерминира и персонализира одговорноста за овие настани.

„Мора да има одговорност и мора да се знае точно името и презимето на тој којшто е одговорен. Не очекуваме тоа да го направи оваа влада, но јас ви ветувам дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ јасно ќе ја детерминира одговорноста и ќе ја персонализира. Не може таа да биде генерална“, подвлече Мицкоски и додаде:

„За жал денеска оваа влада се обидува да ги генерализира работите, но мора јасно да се каже тој, тој и тој, со тоа име и презиме е виновен за сето ова“.

 

Поврзани новости