Мицкоски: Сите на лидерската средба бевме вчудоневидени од однесувањето на Заев

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма го обвини Зоран Заев дека на лидерската средба прво зборувал за можни датуми за избори, а не за здравјето на граѓаните.

-Од самиот почеток на средбата, господинот Заев почна да лиферува со дати, а сите други зборуваа за здравјето на граѓаните. Прво рече 14 јуни, па дури потоа почна да зборува доколку Комисијата за заразни болести дозволи. Сите на лидерската средба беа вчудоневидени. Сите со зачуденост го гледавме. Видовме дека ситауцијата дека ќе оди во бездна, и ние останатите почнавме позрело да размислуваме. Само останатите, за соговорникот видовме дека поинаку ги третира работите. И јас тогаш го предложив алгоритмот, рече Мицкоски.

Поврзани новости