771
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прашањето дали ќе побара сите македонски државјани кои имаат бугарски пасоши да се откажат од нив, рече дека тој не може да се меша во индивидуалните одлуки на граѓаните.
„Јас не можам да се мешам во одлуката на граѓанин да земе или не бугарски пасош. Јас имам информација дека од сите етнички заедници имаат земено бугарски пасош, но не да станат Бугари, туку од економска пригода, односно полесно да најдат работа во земјите во ЕУ. Јас сум убеден дека првиот ден откако ќе станеме дел од Европскaта унија, дека сите граѓани ќе ги искинат бугарските пасоши“, рече Мицкоски.