Мицкоски: Секоја држава си има своја мафија, само нашата си има своја држава!

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција ја критикуваше власта, поради последните случувања со „Рекет“, кои кренаа голема прашина во македонската јавност.

„Криминалниот октопод ја фрла Македонија на колена. Секоја држава си има своја мафија, само нашата си има своја држава. Ние имаме систем кој е нападнат од силна криминална ерозија. Имаме згазени закони, обвинителство. Владата и премиерот се ставени во функција да заштитуваат криминал. Сосема сигурно е дека од институциите не може да се очекува разврска затоа што тие се инфицирани од криминалот. Катица Јанева и денес го води компромитираното обвинителство. Иако Катица Јанева тврдеше „ниту свесно имав било каква конотација од случајот „Рекет“. Се покажа дека не ја говори вистината.

Заев тврдеше дека верува во нејзините способности и дека е човек со капацитет. Криминалот во „Рекет“ не е можен без поддршка на Зоран Заев. Катица Јанева не е во притвор, а истата може да избега а може да влијае на сведоците. Заев во моментите кога ќе го притисне оваа афера е во состојба да се откаже од сите, само да се спаси себеси. Тој е должен да одговори на неколку прашања. Какви докази крие семејството на еден од осомничените?. Кој се е вмешан во таа белградска врска?. Кои се луѓето кои на крајот од денот се офајдиле со сумите?. Случајот „Рекет“ дека бил наместен од опозицијата е приказна за мали деца во која и тие самите не веруваат. Немаме правна држава, затоа што ја убија и ја погребаа“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости