Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител рече дека во спорот со Бугарија власта го има истиот пристап како во спорот осо Грција.
-Повторно на мала врата ќе се бутка истата игра како што беше за името. Еден (Ковачевски) ќе потпише едностран договор и секој еден кој нема да го почитува тој договор ќе биде против ЕУ, а тој договор ќе биде на штета на македонскиот идентитет. Потоа ќе почне приситок врз пратеници, а таа игра веќе сме ја гледаме. Бидејќи Ковачевски ги нема бројките во Парламентот. Во овој момент таков договор како што планира да го потпише Ковачевски нема бројки да помине во Парламентот и одбивам јас поради таков договор да бидам означен како анти-ЕУ.
И ние бараме од Брисел да биде гарант за македонскиот јазик, кој е различен од бугарскиот, бараме гаранција за македонскиот народ кој има вековна историја. Кога сето ова ќе го видиме на маса, тогаш може да разговараме, вели Мицкоски.