Состојбата со Ковид вирусот е драматична, исто толку е драматична и во економијата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното видео обраќање.
-За 5 месеци УЈП има потфрлање во собирањето на даноци од 25%.
-Само за месец мај потфрлањето е повеќе од 3 милијарди денари.
-Потфрлањето кај наплатата на Данокот на добивка е за цели 45%.
-Кај наплатата на персоналниот данок потфрлањето е за цели 25%.
-Кај наплатата на данокот на додадена вредност е за повеќе од 47%.
-Во месецот кога е правен ребалансот на буџетот потфрлањето, неспособноста и некадарноста на раководните лица во УЈП и министерството за финансии е толку големо што и тука прават грешка од повеќе од 2 милијарди денари.
-Индустриското производство во 4 месец од годината има намалување за цели 33,5%. Бројот на вработените во индустријата во месец април е намален за 5,1%, а од почетокот на годината бројот на работниците во индустријата е намален за цели 4%.
-Капиталните инвестиции, нивното ниво не надминува 60-тина милиони евра во првите пет месеци. Тоа е за некаде околу 18.5% од планот кој што е предвиден со ребалансот на буџетот.
-Нов дефицит во првите пет месеци од цели 307 милиони евра. Или за цели 38.000 денари е задолжено секое семејство во Република Македонија или пак да бидеме попрецизни околу 615 евра. Секое македонско семејство ќе биде задолжено на крајот од годината за цели 1.500 евра, посочи Мицкоски.