834
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно побара соработка со „Левица“, иако лидерот на оваа партија, Димитар Апасиев јавно ја одби понудата на Мицкоски да се обединат против власта.
Сега, Мицкоски бара поддршка од симпатизерите на партијата.
-Без разлика на одлуката и однесувањето на раководството, ги повикувам симпатизерите на Левица да нè поддржат во општините каде немаат свој кандидат. За возврат, во вториот круг, каде што ВМРО-ДПМНЕ нема да има свој кандидат, ќе повикам да се поддржат кандидатите на Левица, објави на Фејсбук Мицкоски.