0
Премиерот Христијан Мицкоски седна во европски воз, патувајќи од Виена за Салцбург, каде ќе има излагање на самит посветен на ЕУ и потребните реформи.
„Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат.
Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања.
Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен.
Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина“, напиша Мицкоски.