Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретнал со претставници од иницијативата „Не отворам врата“ со кои разговарале за актуелната политичка состојба во државата, но и ги запознал со деталите од постигнатиот договор за одложување на пописот.
-Заеднички се согласивме дека е добро што е одложен пописот поради лошата епидемиолошка слика и разгорената ковид пандемија која секој ден одзема по триесетина животи и заразува по 1.300 наши сограѓани.
На средбата беа запознаени претставниците од иницијативата, но и заеднички се согласивме околу заложбата за доследна примена на практиките и методите на Еуростат при одржувањето на пописот, како и фактот дека нема да се поддржат резултати од попис кој нема да биде спроведен по методологијата и стандардите на Еуростат и европските практики, соопшти Мицкоски.