Мицкоски се сретна со Вучиќ

by fokus

Лицерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што истакна Мицкоски на својот профил на Фејсбук, на средбата се разговарале за можностите за соработка кои стојат на располагање.

„Разговаравме за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање.

Воедно стана збор и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план.

Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук.

Поврзани новости