Мицкоски се сретна со советникот за надворешна политика на Меркел

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на својата посета на Берлин и високиот дијалот кој го организита фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг и десничарската германска сестринска партија ЦДУ, оствари билатерална средба со Јан Хекер, советник на германската канцеларка Ангела Меркел за надворешна политика.

На билатералната средба се разговарало за актуелната политичко-економска состојба во Република Македонија и европските интеграции на земјава, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во едночасовната средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека оваа власт на Заев со ниското ниво на реализација на проекти, отсуство на реформи во клучните области, криминалот и корупцијата за жал не направи поместување кои би значело добивање на сигурен датум за преговори. Мицкоски истакна дека поради неспособноста за менаџирање на односите и клучните процеси од страна на неодговорната Влада на Заев, не треба да бидат казнети граѓаните и во насока на потикнување на европскиот оптимизам како и зацврстување на европската иднина на Република Македонија треба да и се додели датум за преговори.Мицкоски говореше и за економската стагнација како и за потребата за забрзана имплементација на реформите кои би значеле повисок стандард на граѓаните, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски и членот на Извршниот Комитет, Славески учествуваа и на панелот организиран од Кондрад Аденауер Штифтунг каде се говореше за гео-eкономската конкуренција и интеграцијата на Западниот Балкан.

Поврзани новости