104
Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон со претставници на македонската дијаспора.
На средбата разговарале за поддршка и лобирање за македонските интереси.
Покрај премиерот, на средбата присуствувале и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчко Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.
За средбата, утрово на својот Фејсбук објави Мицкоски, посочувајќи дека пред самитот на НАТО посветил внимание на прашањата и позициите на дијаспората во САД.